25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Раст на меѓубанкарските каматни стапки

Кина: Раст на меѓубанкарските каматни стапки

kinasde1

Меѓубанкарските каматни стапки во Кина повторно забележаа раст, и покрај минатонеделната голема инекција на капитал која ја одобри централната банка на Кина.

Седумдневната референтна каматна стапка – мерило за меѓубанкарските трошоци за задолжување, се зголеми на 9,8 проценти, што е највисокото ниво од 20 јуни кога достигна 11,62 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

„Скокот на меѓубанкарските каматни стапки говори дека недостигот на довербата на пазарот ја влоши кризата на ликвидноста“.Каматните стапки неодамна го подигнаа трендот на раст, откако централната банка на Кина се воздржа од дополнително зголемување на ликвидноста.

Со цел да се смири пазарот, централната банка во петокот соопшти дека во траење од три денови префрлила околу 300 милијарди јуани (49,4 милијарди долари) во финансискиот систем преку т.н. програма за краткорочна ликвидност.

„Актуелниот банкарски систем има дополнителни резерви од околу 1,5 милијарди јуани, што е релативно високо ниво во споредба со истите периоди во историјата“, се наведува во соопштението на централната банка.

Дополнителните мерки и кредити на централната банка веројатно ќе бидат потребни, со цел пазарот да ја поврати довербата, и да дојде до стабилизација на каматните стапки, заклучуваат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП