2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAвтобиографијата на Фергусон е најпродавана книга во Британија

Aвтобиографијата на Фергусон е најпродавана книга во Британија

fergi kniga

Мемоарите на поранешниот менаџер на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон е најпродаваната книга во Велика Британија во годината која изминува, пишува „Guardian“.

„Моја автобиографија“ од октомври е продадена во скоро 650.000 примероци и стана најбрзо продавана печатена книга досега.

На второ место е „Инферно“ на Ден Браун со скоро 630.000 примероци продадени оваа година. Иако оваа бројка е многу помала од 1.2 милиони примероци колку во една година беа продадени од претходната книга на Браун – „Изгубен симбол“, сепак таа не е и загрижувачка, затоа што тогаш не постоеше како денеска развиениот пазар на е-книга.

Трета на листата најпродавани печатени книги, која ја објави компанијата „Nielsen BookScan“, е трилерот „Gone Girl“ на американката Џилијан Флин.

Актерот Давид Џејсон успешно се пробива со своите мемоари за животот во шоубизнисот со скоро 300.000 примероци, што го позиционираше на десетото место. Веднаш зад него е Џ.К. Ровлинг со својата прва книга за возрасни „Предвремени избори“ со продадени 275.000 примероци во печатена форма.

Паралелно со растот на пазарот на електронски книги, пазарот на печатени книги бележи значителен пад. Според првите показатели, продажбата на печатени книги во Британија во изминатава година забележа пад од скоро 9 проценти во однос на 2012-та, кога имаше пад од четири проценти во однос на годината која помина. Тој пад е последица на економската криза, но и на се поголемата популарност на книгите во дигитална форма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП