4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТие беа на работ на колапс, а денес нивните производи чинат и...

Тие беа на работ на колапс, а денес нивните производи чинат и до 900.000 евра

marklin154kl

Минијатурните вовчиња на германската компанија „Marklin“ имаат обожаватели низ целиот свет. Оваа компанија пред само неколку години беше на работ на колапс. Но, тие застанаа цврсто на своите нозе и сега размислуваат за освојување на нови пазари.

Рајот за љубителите на минијатурните железници се наоѓа во Гопинген, мал град одалечен на половина час возење од Штутгарт.

Имено, таму се наоѓа фабриката на прочуениот бренд „Marklin“, која уште од 19-тиот век произведува вовчиња. Компанијата само пред четири години објави банкрот, токму на 150 годишнината. Сепак, тоа не беше нејзиниот крај.

„Marklin“ на почетокот на оваа година ја презема компанијата „Simba Dickie“, најголемиот производител на играчки во Германија. Флориан Сиебер, син на сопственикот на „Simba Dickie“, Михаел Сиебер, го увери својот татко во потенцијалот на оваа прочуена компанија за производство на модели за возови. Флоријан сега е еден од директорите на „Marklin“

„И покрај долгото закрепнување, работниците во „Marklin“ сега се многу мотивирани и ангажирани. Компанијата е многу добро сочувана“, вели Флориан.

marklin154kl154

Една локомотива и до 300 евра

Целната група на „Marklin“ главно се мажите постари од 40 години. Само мал број на вовчиња завршуваат во рацете на децата. Тое е многу разбирливо, гледајќи ги цените на производите, една локомотива чини и до 300 евра.

И покрај сите проблеми во изминатиот период, нивните клиенти останаа лојални.

Во одделението за иновации се одвива голем дел од работата, пред воопшто да започне производството на нов модел на воз. Ако станува збор за постари локомотиви, работата е уште потешка.

Доколку се планира да се изработи некој стар модел на воз, работниците патуваат во земјите каде постои тој воз и низ фотографии ги бележат неговите специфичности.

marklin154kl12

Конструкцијата на нови возови е многу сложена и скапа

Возовите кои ги изработува компанијата „Marklin“ имаат неверојатен и препознатлив квалитет, тие се се подетални и посложени, изјави Флориан кој додаде дека во моментов работат на локомотива која се состои од 300 делови, заедно со електронски делови, сложени механизми и нејзиниот процес на изработка трае многу долго и многу чини.

Затоа изработката на одредени вовчиња трае околу две години а некои од нив чинат и до 900.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП