8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБезготовинско плаќање на административните такси на терминали

Безготовинско плаќање на административните такси на терминали

credit_cards

Со цел квалитетна и брза услуга за граѓаните на Република Македонија, Управата за водење на матичните книги во подрачните одделенија и подрачните канцеларии во нејзин состав постави вкупно 41 ПОС терминали за безготовинско плаќање за добиените услуги.

– Така за изводите од матичните книги на родени, венчани и умрени, за уверенијата од матичната евиденција, како и за уверенијата за слободна брачна состојба и плаќање на надоместокот за склучување на брак надвор од службените простории, граѓаните административните такси ќе може да ги плаќаат со електронските картички Маестро, Мастер Kард, Виза Електрон, Виза, како и картичките за домашна употреба што се издаваат од сите
домашни и странски банки, стои во денешното соопштение од Управата за водење на матичните книги.

Со ваквиот начин на плаќање, како што велат од Управата, граѓаните се поштедуваат од плаќање на поголеми провизии при готовинско плаќање на шалтерите на банките и поштите.

– Воедно граѓаните побрзо ја завршуваат административната постапка за добивање на документи од матичната евиденција. Ваквата можност за плаќање на административните такси и други надоместоци за добивање на потребните документи од матичната евиденција, како и покренување на управните постапки пред Управата за водење на матичните книги, граѓаните штедат пари и време, а бараните документи ги добиваат во најкус можен рок, се додава во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП