16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд скопскиот аеродром во наредните 24 часа нема слетувања, ниту полетувања

Од скопскиот аеродром во наредните 24 часа нема слетувања, ниту полетувања

popiippp

Авионскиот сообраќај од скопскиот аеродром во наредните 24 часа поради маглата ќе биде прекинат. Како што најавуваат оттаму нема да има ниту слетувања, ниту полетувања.

Летовите на „Визер“ ќе се одвиваат од софискиот аеродром. Превозот за патниците е организиран со автобус од скопскиот аеродром. За подетални информации советуваме патниците да се обратат во центарот за контакт на „Визер“.

Летовите од Истанбул, Љубљана и Дубаи се пренасочени кон Охрид. Останатите летови се откажани.

Од Аеродромот до патниците апелираат да дојдат на аеродромот минимум три часа пред закажаното полетување, бидејќи претставниците на авиокомпаниите може да им понудат повеќе опции: автобуски превоз до друг аеродром, хотелско сместување и презакажување на летот и попуст при следна резервација, алтернативни датуми и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП