4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да си го олесните работењето?

Како да си го олесните работењето?

rabotenjeto1

Доколку на работа се почесто ви е заморно, досадно и чувсвувате дека не напредувате, иритирани сте и правите грешки со кои се срамите пред сите и чувствувате непотребен стрес и влегувате во конфликти со претпоставените, спречете ги проблемите пред да ја загубите работата и прочитајте неколку совети како да си го олесните работењето.

Дојдете наспани на работа

Колку често доаѓате на вашето работно место со полуотворени очи фантазирајќи како по завршувањето на работното време ќе си ја гушнете перницата? Сега, нека ви текне колку работите беа поинакви кога последен пат дојдовте наспани на работа. Тогаш не ги мразевте сите, нели?

Седете правилно

Положбата на телото е многу важна, па затоа седете исправено. Така нема да ја успорите циркулацијата, а освен тоа на мозокот му праќате порака дека сте подготвени за работа, а не за дремење на бирото.

Доручкуваjте

Доколку во работното време се борите со гладта, постојано размислувате дали да јадете или не – тешко дека ќе можете да се концентрирате на работата. Затоа, задолжително доручкувајте на време. И не ја заборавајте водата.

Големите обврски на прво место

Доколку го започнете работниот ден решавајќи ги малите и лесни обврски, поголемиот дел од денот ќе ви пројде размислувајќи како и кога ќе ги завршите големите. Наместо потешките обврски да ги оставате за на крај, да ги „буткате под тепих“ и во вашите потсетници – откачете ги веднаш штом стигнете на работа. Кога ќе завршите со нив ќе се чувствувате значително растеретено.

Слушалки

Да, знаеме дека е нервозно да се работи во иста просторија со повеќе луѓе. Посебно ако не затвораат уста. Како тогаш да се сконцентрирате? Слушалките и музиката се добро решение. Но, внимавајте да не забегате и да се внесете до толку во музиката што ќе ја запоставите работата.

Одмор

На пауза не останувајте во вашата канцеларија, туку задолжително излезете надвор на свеж воздух. Кислородот ја забрзува циркулацијата и ја поттикнува работата на мозокот. Доколку работите пред компјутер, барем на еден час тргнете го погледот од мониторот и гледајте некаде во далечина. Очите ќе ви кажат „благодарам“.

Разговарајте со колегите

Направете си муабет со вашите колеги, кажете некоја шега, насмејте се со нив заедно, така ќе ја зголемите вашата енергија, вашата мотивација, а воедно ќе бидете и меѓу омилените лица за муабет на работа. Позитивните муабети ќе ви донесат колективна среќа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП