5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung влегува во автомобилскиот сектор

Samsung влегува во автомобилскиот сектор

samsung-413x294

Еден од најголемите глобални производители на телевизори и смартфони, јужнокорејската компанија „Samsung“, наскоро има план да влезе на пазарот на автомобили преку патенти за нови електрични мотори и гуми за електрично возило, како и патенти за контролирање на безбедноста со аспект на здравствената состојба на возачот.

Компанијата веќе поднела барање за признавање на патентите кај надлежните институции во САД и Јужна Кореа.

Покрај овие патенти, „Samsung“ поднесе и барање за одобрување за уште еден кој обезбедува комуникација меѓу возачот и имагинарното електрично возило на „Samsung“.

Автомобилот би го идентификувал возачот врз основа на паметниот телефон кој го има покрај себе и ќе создаде врска меѓу телефонот и автомобилот. На тој начин, преку контролниот панел на возилото, може да се пристапи до контактите, апликациите, музичките и другите можности кои ги нуди телефонот.

Електричното возило ќе го препознае дневниот распоред на обврски и важни состаноци на кои возачот мора да пристигне, ќе предложува патни правци, ќе го предупредува возачот за потребата за полнење на батеријата во возилото и ќе овозможува прием на телефонски повици.

Засега не е познато кога ваквото возило би требало да биде комерцијално достапно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП