4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir France KLM ја продава филијалата CityJet

Air France KLM ја продава филијалата CityJet

airfrance154

Авиокомпанијата „Air France KLM“ одлучи да ја продаде филијалата „CityJet“, со седиште во Даблин, на германската групација „Aviation“.

Компанијата достави затворена понуда за откуп на „CityJet“ заедно со белгиската филијала „VLM“.

Трансакцијата, чиј износ не е прецизиран од ниту една страна, би требало да биде завршена во првиот квартал од 2014 година, пренесува Ројтерс.

Француско-холандската компанија „Air France KLM“ во 2000 година ја купи „CityJet“, која потоа во 2008 година го презема белгискиот авиопревозник „VLM“. „CityJet“ има флота од 38 авиони и нуди 480 летови неделно во цела Европа.

Најновиот проект за продажба на ирската филијала е дел од програмата за реструктуирање која „Air France KLM“ ја презема за да ги намали долговите за две милијарди евра, односно тие да достигнат износ од 4,5 милијарди евра до крајот на 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП