2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAldi инвестира 3 милијарди долари во САД

Aldi инвестира 3 милијарди долари во САД

aldigerman1

Германскиот трговски ланец „Aldi“ во наредните пет години ќе отвори 650 продажни објекти на пазарот во САД, соопштија од оваа компанија.

Тоа претставува инвестиција од околу три милијарди долари (2,2 милијарди евра).

Германскиот дистрибутер кој на американскиот пазар е присутен од 1976 година, сега располага со 1.300 продавници во 32 американски држави, главно во источниот дел на САД.

Благодарение на најновата инвестиција, „Aldi“ месечно ќе сервисира околу 45 милиони клиенти и ќе отвори уште 10.000 работни места, пренесува агенцијата АП.

Во моментов, оваа германска компанија во САД вработува околу 18.000 луѓе. Германскиот лидер во секторот за дисконтна продажба е присутен и во 16 европски земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП