3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКуба привлекува странски инвестиции

Куба привлекува странски инвестиции

kuba154lk

Претседателот на Куба, Раул Кастро најави дека во март 2014 година парламентот ќе расправа за нацрт-законот за странски инвестиции.

Касто итакна дека странските инвестиции имаат големо влијание во стимулирањето на економскиот и социјалниот развој на земјата, но не ги наведе деталите од новиот нацрт-закон.

Законот за странски инвестиции кој во моментов е на сила во Куба, е донесен во 1995 година и со него на странските компании им се овозможува да соработуваат само со државните компании.

Од 2008 година кога Раул Кастро стана претседател на Куба, донесени се повеќе од 300 реформски прописи во областа на економијата, со цел да се извлече земјата од економската криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП