4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзбор на претприемач на годината по седми пат

Избор на претприемач на годината по седми пат

enter

По седми пат вечерва во Скопје ќе биде доделена наградата „Претприемач на годината“. Наградите се наменети за успешните претприемачи од микро и малите претпријатија.

Изборот се темели на податоци за микро и мали претпријатија на територијата на Македонија, што Координативното тело на „Претприемач на годината“ ги добива од Централниот регистар на Република Македонија.

За најдобри микро и мали претприемачи се сметаат оние кои во последните три години од работењето го зголемиле бројот на вработените, имаат постојан раст на приходите и добивката, како и раст на инвестициите.

Престижната манифестација „Претприемач на годината“ е иницијатива на Сојузот на стопански комори. На оваа иницијатива се приклучија и Македонската развојна фондација за претпријатија, која оваа година одбележува 15 години од основањето и Стопанска комора на Северозападна Македонија.

Коорганизатор на манифестацијата е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, а организатор и институционален покровител е Министерството за економија.

Организаторите сметаат дека истакнувањето на позитивните примери кај претприемачите може да поттикне многумина да започнат свој бизнис и на тој начин да влијаат врз развој на претприемништвото во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП