18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен интересот за осмиот повик од Програмата ИПАРД

Зголемен интересот за осмиот повик од Програмата ИПАРД

IPARD

Интересот за осмиот повик од Програмата ИПАРД е значително поголем од минатиот период. Пристигнаа 402 апликации до Агенцијата, а на седмиот пристигнаа 120 апликации. Интересот е голем, освен по бројот на апликациите и по вредноста на инвестициите за кои се бара кофинансирање. Потребниот износ за кофинансирање на проектите кои прелиминарно се разгледуваат и се одобруваат во Агенцијата изнесува околу пет милиони евра по само еден јавен повик.

Ова денеска го истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Тони Димовски, одговарајќи на новинрско прашање.

– Тоа е резултат на измените кои беа направени во Програмата за ИПАРД и зголемените можности кои се нудат преку неа сега. Дојде до зголемување на плафоните за кофинансирање. Се опфаќаат поголеми инвестиции и се прошири лепезата на инвестиции која во претходниот период не беше толку голема. Со добра аргументација пред колегите од Директоратот за земјоделство се овозможи и вметнување на примарната механизација во оваа програма, рече Димовски.

Вчера беше дадена најава за новиот ИПАРД јавен повик кој ќе биде објавен во јануари 2014 година. Според него, земјоделците и бизнис секторот ќе имаат можност да ги заокружат своите идеи, да ги преточат во бизнис планови и да ги достават во утврдените рокови за аплицирање.

Димовски додаде дека се забележува квалитет во аплицирањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП