4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанскиот Сенат воведе „такса на вулканите“

Италијанскиот Сенат воведе „такса на вулканите“

napoli vulkan

Италијансниот Сенат го прифати предлот за воведување на „туристичка такса на вулканите“, објави денеска италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Одлуката предвидува туристите кои ќе ги посетуваат местата во Италија во чија близина има вулкани, да плаќаат дополнителна такса за престој во висина од пет евра.

Предлагач на ваквата такса е сенаторот од Сицилија, Антонио д’Али, кој е дел од групата што неодамна се одвои од партијата на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Во Италија веќе постои слична такса за туристичка посета на малите острови која изнесува 2,5 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП