Финската државна железничка компанија „VR“ најави купување на 80 електрични локомотиви од германската компанија „Siemens“ за сума од 300 милиони евра.
Тоа е еден од најголемите такви договори потпишани во Европа оваа година.
Како што наведува железничката групација „VR“, целокупната нарачка ќе биде доставена до 2026 година, а испораката на првите локомотиви ќе се случи во 2017 година, пренесува Франс Прес.
Оваа нарачка ја вклучува и можноста за понатамошно купување на додатни 97 електрични мотори од „Siemens“.
Според проценките на „VR“ групацијата, овој договор би требало да биде склучен на почетокот на идната година.