2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелград се соочува со опасност од банкрот

Белград се соочува со опасност од банкрот

belgradee

Градот Белград се соочува со опасност од банкрот, како последица на тоа што „дупката“ во градскиот буџет со години била пополнувана со нови задожувања, тврди претседателот на белградскиот Привремен градски совет, Синиша Мали.

„Била применувана филозофијата: не е важно колкави се приходите, бидејќи колкави и да се трошоците, ќе ги покриеме со земање кредити“, нагласува Мали во разговор за денешна белградска „Политика“.

Според него, во 2013-та година во градската каса бил собран приход од 64 милијарди динари (558 милиони евра), што е за 13 милијарди (113 милиони евра) помалку од планираното на почетокот на годината.

„Доколку не биде запрена ваквата негатива спирала, Белград би можел да се најде во состојба повеќе никој да не сака да му позајмува пари или ќе биде толку задолжен што повеќе нема да може да ги плаќа ратите на кредитите“, смета Мали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП