23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботната сила најскапа во Белгија

Работната сила најскапа во Белгија

belgija154lk

Цената на работата по час на работната сила во ЕУ во третиот квартал поскапела за еден процент на годишно ниво, соопшти заводот за статистика „Еуростат“.

Најголем раст на цената на работната сила за еден час во третиот квартал од оваа година е забележан во Белгија и тоа од 2,1 процент, пренесуваат белгиските електронски медиуми.

Во еврозоната цената на работата по час во периодот јули-септември оваа година пораснала за 1,3 проценти на годишно ниво, додека во вториот квартал е забележан раст од 1,4 проценти, а во првиот од 0,3 проценти.

Во еврозоната, цената на работата по час во третиот квартал најмногу поскапела во индустријата  и тоа за 1,6 проценти, потоа во сервисните услуги за еден процент, додека во градежништвото дошло до поефтинување од 0,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП