5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ му исплати на Кипар 83,5 милиони евра

ММФ му исплати на Кипар 83,5 милиони евра

kipar3

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) му исплати денес нова транша заем на Кипар во износ од 83,5 милиони евра.

Овие средства од ММФ се дел од 10-те милијарди евра вреден пакет на помош кој таа институција и Европската унија му го доделија на Кипар за закрепнување од лошата економија, пренесува Франс Прес.

Како што се наведува во соопштението на ММФ, Кипар добил нова рата, откако извршниот одбор на фондот направил втора ревизија на напредокот на Кипар во спроведувањето на економските реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП