9 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата која бега од офшор земјите!

Компанијата која бега од офшор земјите!

prada dada

Акционери на модната куќа „Prada“ ќе го напуштат работењето во офшор земјите. Ова стои во соопштението на компанијата, кое го пренесе „Итар тас“.

Во согласност со договорот помеѓу сопственикот на модната куќа и италијанските даночни власти, компанијата „Prada Нolding B.V.“ и нејзиниот имот, кои се регистрирани во Холандија и Луксембург, сега ќе бидат префрлени во Италија.

„Компанијата во иднина ќе работи во склад со националното законодавство, што ќе ја поедностави сопственичката структура на модната куќа“, соопштија од „Prada“.

Покрај тоа, компанијата се обврза дека во буџетот на Италија ќе уплати сума која одговара на даночните обврски кои ги имал целиот синџир на компании во модниот бизнис, повеќе од десет години, а биле во согласност со италијанските закони.

Компанијата „Prada“ е 80 проценти во сопственост на семејството Прада, а со неа управува Миучиа Прада, како главен дизајнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП