Охридската компанија „ЕМО“ склучи договор за изработкаи и спорака на електроопрема за пазарот во Република Србија.
Станува збор за дистрибутивни трансформатори за потребите на „Електродистрибуција“ од Белград во вредност од 1,78 милиони евра како и за расклопни апарати за српското Електростопанство во вредност од 550 илјади евра.
Според соопштението од „ЕМО“, со потпишувањето на овие договори се реализираат претходно преземените активности за извоз на електроопрема, со очекувања дека во идната година ќе се реализираат и други договори за кои се водат преговори.
Потпишувањето на овие договори е резултат на задржаниот квалитет на производите на „ЕМО“ и сигурноста за благовремено завршување на потпишаните договори потврдена од претходните договори.