2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTешка загуба за BlackBerry во третиот квартал

Tешка загуба за BlackBerry во третиот квартал

blackberry_hq

Kанадскиот производител на паметни телефони, „BlackBerry“ заклучно со 30-ти ноември, во третиот квартал од оваа година, забележа тешка загуба поради обезвредната залиха.

Компанијата „BlackBerry“, која минатиот месец објави дека е на продажба, исто така најави и петгодишно партнерство со тајванската групација „Foxconn“, пренесува „Ројтерс“.

Нето-загубата во споменатиот период изнесува 4.4 милијарди долари, додека во истиот период од минатата година, компанијата оствари профит од 9 милиони долари.

Кога ќе се исклучат вондердните ставки, загубата изнесува 354 милиони долари.

Сега останува на времето да се види, дали „BlackBerry“ ќе успее да излезе од кризата во која се наоѓа веќе подолго време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП