2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманскиот енергетски гигант ја напушта јужна Европа

Германскиот енергетски гигант ја напушта јужна Европа

e.on154

Германскиот енергетски гигант „E.ON“ има намера да ја напушти работата во јужна Европа и да ги продаде своите делови во претпријатијата во Италија и Шпанија.

Според германскиот магазин „Spiegel“ претседателот на компанијата, Јоханес Тајсен, ја најави намерата „E.ON“ во иднина да биде концентриран на неколку клучни пазари, како што се Велика Британија, Шведска или Русија.

Тој одби подетално да ја објасни најавата на раководството на компанијата, но рече дека компанијата постојано ги проверува стратешките опции кои се однесуваат на целокупното портфолио на претпријатието.

Вредноста на уделот на „E.ON“ во јужна Европа се проценува на повеќе од десет милијарди евра. Според информациите од „Spiegel“, нема да се продаваат само термоелектраните на јаглен и гас, туку и големите претпријатија за производство на енергија од обновливи извори во Италија и Шпанија.

Како потенцијален купувач на уделот на германците се споменува француската компанија „EDF“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП