2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHershey купува кинески производител на чоколади

Hershey купува кинески производител на чоколади

hersheys

Американската кондиторска компанија „Hershey“ најави купување на кинески производител на слатки за 584 милиони долари, вклучувајќи го и нивниот долг, а причината за ваквиот потег е нивниот план за ширење на најбрзо растечкиот пазар на светот.

„Hershey“ во две етапи ќе го купи „Shanghai Golden Monkey“ (SGM), еден од најголемите светски производители на слатки и чоколади. Ова ќе биде најголемата прекуморска аквизиција на американската компанија.

Аквизицијата временски се поклопи со настојувањата на странските компании да развијат нови производи кои ќе бидат прилагоднени со вкусовите на кинеските потрошувачи.

Претседателот на управата и извршен директор на „Hershey“, Џон Билбреј, овој договор го нарече „победа за двете компании“.

„Моќта на „SGM“, кондиторското портфолио и вкупната дистрибутерска способност, особено во традиционалната трговија, за нас претставува можност да превземеме мерки, брендовите „Hershey“ и „SGM“ да станат уште помоќни“, вели Билбреј.

Основачот и главниот директор на „Shanghai Golden Monkey“, Жао Кисан оцени дека „Hershey“ и „SGM“ имаат слични култури и стратегии кога станува збор за развојот на брендовите и продажните способности.

Се очекува „Shanghai Golden Monkey“, која е во приватна сопственост, оваа година да оствари приходи во висина од 225 милиони долари.

„Hershey“ произведува и зачинети суви грицки од тофу, гуми за џвакање од сирење со вкус на јагода и наполитанки со вкус на алги. Минатата година тие остварија приходи од 6.6 милијарди долари и Кина ја сметаат за „примарна“ на меѓународниот пазар.

Приходите од продажбата на чоколади, слатки и гуми за џвакање во Кина, според податоците на компанијата за истражување на пазарот „Euromonitor International“, изнесуваат 13 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП