29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Скопје отворено претставништво на данската компанија CHR Hansen

Во Скопје отворено претставништво на данската компанија CHR Hansen

chr-hansen

Претставништво на данската компанија CHR Hansen од денеска е отворено и во Македонија. Канцеларијата на претставништвото е во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Тоа, наведуваат од претставништвото, претставува дел од глобалната стратегија за воспоставување соработка меѓу индустријата и науката.

Од CHR Hansen-Македонија информираат дека продуктите во Македонија ги има од 1995 година, а причината за тоа што сега отвораат канцеларија, се нивните клиенти.

Стратегијата на CHR Hansen, посочуваат од претставништвото, е колку што може да бидеме поблиску до клиентите.

Со претставништвото во Македонија односно со сите продукти (во три основни групи: култури, ензими и природни бои) ќе раководи Мери Илиеска.

Компанијата има над 135-годишна историја. Основана е од Кристијан Хансен кој бил фармацевт и е првиот човек кој направил стандардизирана маја која се користи во млечната индустрија.

Компанијата е претставена во повеќе од 140 земји, а канцеларии има во повеќе од 35 држави Компанијата развива и произведува додатоци во исхраната, во адаптираните млека за деца и во добиточната храна.

Нејзина најважна придобивка се пробиотските култури со заштитени имиња и документирани ефекти преку клинички студии.

Развива и произведува природните бои и „храна што бои храна“ за прехрабената индустрија, кои потекнуваат од природни извори (бобинки, корења и семиња).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП