19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Golf Plus ќе чини од 19.625 евра

Новиот Golf Plus ќе чини од 19.625 евра

sportvan

„Volkswagen“ во Германија отвори книга за нарачки за новата генерација на моделот „Golf Plus“, кој ќе се продава под името „Sportsvan“.

„VW Golf Sportsvan“ во Германија ќе има почетна препорачана цена од 19.625 eвра. Во понудата на почетокот на купувачите ќе им бидат понудеи шест верзии на мотори, четири бензински „TSI“ агрегати и две „TDI“ дизел единици, а моќта ќе се движи од 85 ks дo 150 ks.

„Volkswagen“ при претставувањето на концептот на овој автомобил на франкфуртскиот авто-саем нагласи дека „Sportsvan“ во просек ќе биде 19 проценти поефикасен, кога станува збор за потрошувачката на гориво, во однос на својот претходник.

Најекономична верзија ќе биде 1.6 TDI BlueMotion со 110 ks, која според фабричките податоци просечно ќе троши 3,7 l/100 km со емисија на „CO2“ од 95 g/km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП