2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИEУ: Наскоро закон - еден полнач за сите смартфони

EУ: Наскоро закон – еден полнач за сите смартфони

polnaciite

Производителите на смартфони наскоро ќе мораат да понудат универзални полначи за батериите, а причината за тоа е да се намалат трошоците на купувачите и количината на отпад која ја создаваат нивните производи. До реализација на овој план ќе мораме да почекаме уште некоја година.

Нацрт-директивата, која наскоро би требало да се најде пред Европскиот парламент, предвидува усогласени правила за електронска опрема, вклучувајќи ги и мобилните телефони, далечинските управувачи за гаражите и модемите.

Целта е да се спречи ситуацијата во која уредите меѓусебно си пречат, придржувајќи се кон основните здраствени и безбедносни стандарди.

Членовите на Европскиот парламент се погрижија за тоа во текстот од директивата да се најде и одредбата со која ќе се регулира универзалниот полнач за смартфони. Покрај тоа се договориле за дополнителна мерка за надзор на пазарите и следење на производите кои не се во склад со новите правила.

Европската комисија доби задача да направи категоризација на опремата која е потребна да се регистрира пред да биде пуштена на пазарот. Сличен регистар веќе е во сила во САД.

Купувачите така ќе имаат помалку папирологија при купувањето на електронска опрема, затоа што трговците ќе бидат во можност да ја изостават одделната изјава за усогласеноста со европските норми, односно ќе биде заменета со поедноставна изјава.

Државите членки на Европската унија на располагање ќе имаат две години за усогласување на националните закони, а производителите ќе добијат една година плус за прилагодување.

Договорот формално ќе мораат да го одобрат сите држави-членки, како и Министерството за внатрешен пазар. Се очекува гласањето во Парламентот да се оддржи во март следната година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП