3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведскиот Дедо Мраз „тежи“ три милиони евра

Шведскиот Дедо Мраз „тежи“ три милиони евра

jultomen1

Шведскиот Дедо Мраз Јултомтен е најбогатиот меѓу своите европски колеги, а зад него се дедовците од Русија и Франција, покажува истражувaњето на Агенцијата за развој и истражување на недвижнини од Санкт Петербург, која ја анализираше вредностa на имотот на кој „живеат“ дедовците.

Имотот на шведскиот Јултомтен кој е сочинет од згради, шуми и мочуришта, се проценува на повеќе од три милиони евра.

Имотот на рускиот господар на зимата во градот Велики Устјуг во околината на Волгоград, се состои од хотели, викендици, сауни, кафе барови, игралишта и лизгалишта на парцела од 10 хектари, а вреди 1,7 милиони евра. Во неговиот имот спаѓаат и санки, капут, коњи, стап и торба за подароци.

На третото место е францускиот Пере Ноел со недвижнини на Алпите вредни 1,34 милиони евра, додека резиденцијата на норвешкиот Јуленисен во зимувалиштето Савал е проценета на 1,22 милиони евра.

Најголем имот има белорускиот Јодо Мароз, кој зазема 15 хектари во шумата Биаловиеза, а неговата вредност е проценета на 1,05 милиони евра.

Финскиот Дедо Мраз Јоулупуки е најскомен. Големината на неговиот имот од околу 10 хектари не е помала од имотот на другите, но вредноста е нешто помала, околу 736,000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП