28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој има најдебел биткоин-паричник?

Кој има најдебел биткоин-паричник?

bitkoinwallet1

Иако пазарот за биткоин и понатака во голема мера се држи во тајност, објавено е дека најголема сума од оваа виртуелна монета ја поседува американскиот ФБИ.

Благодарение на „рацијата“ и затворањето на сајтот „Silk Road“, ФБИ во својот голем „биткоин-паричник“ има дури 144,000 биткоини, кои според моменталните цени вредат околу 100 милиони долари.

Сајтот „Vared“ наведува дека ФБИ има и еден помал виртуелен паричник со околу 30.000 биткоини, односно околу 20 милиони долари.

Се претпоставува дека ФБИ сепак не може да се пофали со најголемата количина на оваа валута, бидејќи пронајдувачот на биткоинот, Сатоши Накамото има многу повеќе вакви виртуелни пари.

Сепак, сигурно е дека неговите биткоини се распределени на повеќе стотици, а можеби и илјадници виртуелни сметки. Исто така, сеуште не е сигурно дека Сатоши Накамото е една личност.

Да се потсетиме, најпознатите „биткоин магнати“ браќата Тајлер и Камерон Виклевос тврдат дека имаат еден процент од сите биткоини во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП