25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАStandard & Poor`s го намали кредитниот рејтинг на ЕУ

Standard & Poor`s го намали кредитниот рејтинг на ЕУ

standard56poo

Агенцијата за оценка на кредитниот рејтинг „Standard & Poor`s“ ја намали денес оценката за кредитниот рејтинг на Европската унија за еден степен, со што таа го загуби највисокиот рејтинг ААА, кој го имаше досега.

Како причина за намалување на рејтингот од ААА на АА+ агенцијата ја наведе се потешката битка околу буџетот на ЕУ и влошувањето на кредитниот рејтинг на земјите членки.

Изгледите, сепак, останаа стабилни што значи дека „Standard & Poor`s“ нема намера краткорочно да ја менува својата оценка за Унијата. Намалувањето на кредитниот рејтинг некогаш може да значи поскапо позајмување на пазарот за обврзници, но рејтингот АА+ се смета за доста солиден, така што ова намалување ќе има симболично значење, наведува агенцијата АП.

ЕУ позајмува пари со цел понатака да го позајмува на државите членки, другите земји и некои програми. „Standard & Poor`s“ наведе дека заемите за Ирска и Португалија, кои добија помош, претставуваат 80 проценти од вкупните заеми на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП