4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжуваат препукувањата за превласт во ФЕРШПЕД АД Скопје

Продолжуваат препукувањата за превласт во ФЕРШПЕД АД Скопје

Fersped-logo

– Во името на носителите на пакетот акции од 35 % како и подносители на барањето за вонредно собрание, сакаме да Ве информираме за сознанијата до кои дојдовме за досегашното нетранспарентно работење на господинот Штерјо Наков и неговите синови, кои предизвикаа сериозни оштетувања на акционерскиот капитал. Сакаме да напоменеме дека како сериозен долгорочен странски инвеститор купивме акции во Фершпед А.Д. Скопје заради остварување на профит преку работењето на компанијата и делењето на дивиденда во истата, при што својот профит не го гледавме врз база на шпекулативно берзанско тргување, рече адвокатот и застапник на ,,QWEST INVESTMENT”, Венцислав Гушев.

Нераспределанта дивиденда од 1.676.000.602,00 денари, односно 27.262.000 евра со дата 31.12.2012 година не наведува дека финансиските позајмици на фирмите ќерки на Фершпед А.Д. Скопје, на други правни лица како и на физичките лица, роднинско – пријателски поврзани со претседателот на надзорниот одбор господинот Штерјо Наков биле вентил како се испумпуваат средства од  компанијата или дивидендата на акционерите, за што поседуваме обемна документација, која што ќе им биде доставена на сите акционери. Заради истото, а согласно новите законски одредби во Законот за трговски друштва, побаруваме на дневниот ред на собранието под итно да се ангажира овластен независен странски ревизор да го испита досегашното работење на компанијата, вели Гушев.

Дополнително на претстојното вонредно собрание закажано на 10.01.2014 година ги предлагаме следниве мерки:

–          Именување на нов надзорен одбор, во кој ке бидат вклучени претставници или членови на најголемите акционери во компанијата;

–          Распределба на 80 % дел од нераспределената досегашна дивиденда во висина од 22.030.000,00 милиони евра или 1.354.842.400,00 милјарда денари и тоа на следниот начин :

а) Распределба на 40 % дел од нераспределената досегашна дивиденда во висина од 11.015.000,00 милиони евра или 677.421.200,00 милјарда денари, поточно нето исплата на акција по 37.400 денари или 608 ЕУР со исплата во готово, по точно утврден дивиденден календар, предложен и утврден на закажаното вонредно собрание, чија што распределба нема да го поремети тековното работење на компанијата ;

б) Распределба на 40 % дел од нераспределената досегашна дивиденда во висина од 11.015.000,00 милиони евра или 677.421.200,00 милјарда денари, при што секој носител на акција ќе добие 1 (една) акција плус, по пат на нова емисија на акции, заради реално вреднување на потценетата вредност на акцијата на Фершпед А.Д. Скопје;

–  расправа за испумпување на средства од компанијата,  по пат на дадени позајмици на физички и правни лица во висина од 1.102.631.000,00 денари или 18.000.000,00 евра, од кои има дадени позајмици постари и повеќе од 5 години, кои до ден денеска не се вратени;

–   расправа за вложувањата во ќерките фирми на компанијата, а дел од истите се продадени за 10 пати помал номинален износ, без одлука на надзорен одбор, што е спротивно на одредбите од статутот на компанијата;

– расправа за отпишаните позајмици на физички и правни лица во висина од cca 5.500.000,00 ЕУР заклучно со датум 31.12.2012 година;

За да се спроведат сите предложени мерки, ја бараме Вашата подршка. Воедно би истакнале дека со предложените промени Фершпед А.Д. Скопје ќе стане компанија која ќе ги земе во предвид интересите на сите акционери, а не само на одредени поединци од семејството, вели Гушев.

Би сакале со 1 ( една ) реченица да Ви објасниме колкава е нашата заедничка моќ.Ние, 436-те  акционери заедно поседуваме 75 % од акционерскиот капитал на Фершпед А.Д. Скопје, додека семејството Накови поседува само 25 %, при што господинот Штерјо Наков и неговите два сина се однесуваат со капиталот на Фершпед А.Д. Скопје како да е фамилијарно наследена компанија.( целосно функционирање на истата како да е А.Д. со еден единствен акционер ),изјави адвокатот и застапник на ,,QWEST INVESTMENT”, Венцислав Гушев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП