16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСедници на собраниски комисии

Седници на собраниски комисии

sobranie

Во републичкото Собрание за денеска се закажани седници на комисиите за финансирање и буџет, за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Законодавно правната комисија.

Комисијата за финансирање и буџет треба да расправа за предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Финансискиот договор за обезбедување заем наменет за финансирање мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти – IV фаза, меѓу Европската инвестициска банка и Македонската банка за поддршка на развојот, по скратена постапка во второ читање.

На дневен ред на Комисијата се и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за задолжување на Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за делумно финансирање на Проектот за домување на социјално ранливи групи и Предлог – законот за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка по Договорот за заем за Проектот за развој на вештини и иновации, двата по скратена постапка во второ читање.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет треба да дебатираат и за Предлог-законот за изменување и
дополнување на Законот за регистрирање готовинските плаќања, по скратена постапка во второ читање.

За точките од дневниот ред на Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа и Законодавно-правната комисија, чиј дневен ред се дополнува со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното, по скратена постапка.

За предложените измени на Законот за виното ќе расправа и Комисијата за земјоделство, шумарство и
водостопанство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП