28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИталијанската пошта инвестира 75 милиони евра во Alitalia

Италијанската пошта инвестира 75 милиони евра во Alitalia

alitalia56klj

Италијанската државна пошта ќе учествува во докапитализацијата на задолжената авиокомпанија „Alitalia“, пренесуваат медиумите од таа земја.

Одлуката за инвестирање на 75 милиони евра од вкупно 300 милиони евра планирани за спасување, беше донесена на состанокот на оваа државна компанија, пренесува агенцијата Франс прес.

Авиопревозникот „Alitalia“ е погоден од огромен долг, поради кој од неодамна започна со голем план за реорганизација на работењето, со намалување на буџетот за 300 милиони евра и отпуштање на 1,900 работници.

Преостанатите 225 милиони за докапитализација на „Alitalia“ веќе се обезбедени од инвеститорите во „Alitalia“ од приватниот сектор и банките.

Француско-холандската авиокомпанија „Air France KLM“, која досега беше главен акционер во „Alitalia“, со удел од 25 проценти, одби да даде свој придонес.

Под притисок на италијанската влада, планот за докапитализација на „Alitalia“ е договорен во октомври и ноември, меѓутоа, учеството на државната пошта многумина го критикуваа како потенцијална државна субвенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП