5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен суфицитот во еврозоната

Зголемен суфицитот во еврозоната

paripari1

Суфицитот на тековната сметка на еврозоната во октомври се зголеми на 21,8 од 14,9 милијарди евра, колку што изнесуваше во септември, соопшти денес Европската централна банка.

Тековната сметка на билансот на плаќања, која ги вклучува и средствата од увозот и извозот на стока и услуги, како и останатите тековни трансфери, е внимателно следен индикатор за способноста на некои земји да вршат плаќања во светот, пренесува агенцијата Франс прес.

Покрај тоа, тековната сметка е важна за долгорочната доверба на инвеститорите и трговските партнери, како и значаен фактор кој влијае на вредноста на валутата, во овој случај на еврото, на странските девизни пазари.

Во 12 месеци заклучно со октомври, тековната сметка на еврозоната забележа суфицит од 208,3 милијарди евра, во однос на суфицитот од 109,8 милијарди од истиот период минатата година, покажуваат податоците на ЕЦБ.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП