26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 65 градежни компании, 33 не ги почитувале препораките

Од 65 градежни компании, 33 не ги почитувале препораките

rabotnici

Државниот инспекторат за труд во изминатите два дена извршил вонредни надзори низ Македонија за да провери дали градежните компании ги почитуваат препораките на Владата на РМ во однос на загадениот воздух.

Според препораките, градежните работници на отворено треба да работат од 11 до 17 часот.

– Државните инспектори за труд извршија вкупно 65 контролни надзори на градежните компании кои во моментот имаат објекти во градба.

Притоа е констатирано дека кај 32 се почитува препораката, а кај 33 се донесени забрани за вршење дејност во периодот додека
трае препораката за да се ограничи, односно стопира изградбата на објекти, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Тој посочи дека ако не се почитуваат забраните се изрекува и парична казна од 5.000 до 8.000 евра за правното лице и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП