17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes A45 AMG со 450 ks!

Mercedes A45 AMG со 450 ks!

klasa a amg

Инженерите на тјунерската куќа „Мcchip-dkr“ најавија група на унапредувања за најмоќната верзија на „Mercedes A сlasѕ“. Врв на понудата претставува зголемената моќност од стандардните 360 нa 450 ks.

Во „Mcchip-dkr“ се фокусираа на подобрување на перформансите на четирицилиндарскиот 2.0 литарски турбо-бензинец кој во фабричката конфигурација испорачува 360 ks (265 kW) и максимален вртежен момент од 450 Nm.

На купувачите ќе им бидат понудени три пакети. Првото подразбира зголемување на моќта на 400 ks (294 kW) и 535 Nm. Второто ниво на доработка ќе им обезбеди на сопствениците на „Mercedes A45 AMG“ засилување на моторот од 420 ks (309 kW), додека вртежниот момент ќе ја задржи истата максимална вредност од 535 Nm.

klasa a amg1

Tретиот степен на унапредување му овозможува на овој мотор да развие дури 450 ks (331 kW) и 550 Nm. Дополнителната снага ќе биде достапна благодарејќи на софтверските промени и надоградбата на турбо-полначот.

Останатите подобрувања се однесуваат на 19-инчните „mbDesign KV1“ алуминиумски бандажи и гумите 235/35 ZR19 „Dunlop Sport Maxx Race“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП