4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦукерберг продава 41.4 милиони акции!

Цукерберг продава 41.4 милиони акции!

Mark-Zuckerberg1212

Коосновачот на „Facebook“, Марк Цукерберг ќе продаде 41,4 милиони акции во вредност од околу 2,3 милијарди долари, за да плати даноци како дел од понудата на 70 милиони обични акции од класа „А“ на социјалната мрежа.

Акциите на „Facebook“, чија цена двојно се зголеми во оваа година, стана поевтини за 4 проценти до 53.54 долари пред почетокот на денешната седница. Со оваа продажба на акциите, на Цукерберг ќе му го намали право на глас до 56.1 процент во споредба со 58.8-те проценти кои ги има во моментов, се вели во соопштението на компанијата.

Од „Facebook“ соопштија дека се очекува Цукерберг да искористи поголем дел од нето-приходите од продажба, за да ги покрие даночните обврски поврзани со остварувањето на опцијата за купување на 60 милиони акции од класа „Б“.

Секоја акција од класа „А“ дава право на еден глас, додека акциите од „Б“ класа даваат право на 10 гласа и во секое време може да се конвертира во акции од класа „А“.

Членот на одборот на директори на „Facebook“, Марк Андреесен исто така ќе продаде 1,65 милиони акции од класа „А“, додека „Facebook“ ќе продаде 27 милиони акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП