19 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple за прв пат го презема водството на американскиот пазар

Apple за прв пат го презема водството на американскиот пазар

app

Компанијата „Apple“ за прв пат на американскиот пазар, стана прв произведувач на мобилни телефони.

Со оглед на конкурентната компанија „Samsung“ која е најјак произведувач на глобално ниво, оваа победа на американската териоторија е исклучително важна за „Apple“. Компанијата „Apple“ продаде 17,7 милиони мобилни телефони во САД во текот на четвртиот квартал, што е за 38 отсто повеќе во однос на изминатата година, според податоците на „Strategy Analytics“.

Тоа на „Apple“ му донесе 34 отсто удел на пазарот. „Samsung“ пак продаде 16,8 милиони уреди и освои 32 отсто на пазарот. Вкупната испорака се зголемила за четири отсто и достигнала бројка од 52 милиони испорачани мобилни телефони.

За нивниот успех е заслужен целиот екосистем кој го создаде Apple околу iPhone и App Store како и субвенциите и моќниот маркетинг околу најновиот модел „iPhone 5“, вели аналитичарот Нил Мостон.

„Apple“ исто така добро калкулирал и со промовирање на нов модел секоја година со што ја одржал побарувачката на високо ниво. „LG“ е трет произведувач на американскиот  пазар, со удел од девет отсто. Глобалната испорака на таблети преминала 50 милиони во четвртото тромесечие од минатата година.

„Apple“ со „iPаd“ и понатаму доминира на пазарот со удел од 43,6 отсто според податоците на „IDC“. На второ место „Samsung“ е со удел од 15,1 отсто.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП