5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBayer понуди 1,9 милијарди евра за Algeta

Bayer понуди 1,9 милијарди евра за Algeta

bayer1

„Групацијата „Bayer“ планира додатно да го зајакне онколошкото портфолио со купување на норвешката фармацевтска компанија „Algeta“, соопшти германската групација.

„Bayer“ постигна договор со управниот одбор на „Algeta“, на нејзините акционери да им се достави препорачаната понуда за доброволно јавно преземање и да им се понудат 362 норвешки круни по акција во кеш“, се наведува во соопштението.

Понудата подразбира сопственичка вредност од 17,6 милијарди круни или 2,1 милијарди евра и вредност на компанијата од 16,2 милијарди круни, односно 1,9 милијарди евра.

Понудата претставува премија од 37 проценти во однос на цената за затворање на пазарите на 25 ноември, ден пред „Algeta“ да потврди дека од „Bayer“ добила прелиминарен необврзувачки предлог за преземање.

„Bayer“ објави дека управниот одбор на „Algeta“, „едногласно одлучил да им препорача на своите акционери прифаќање на понудата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП