6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDaimler купува удел во Aston Martin

Daimler купува удел во Aston Martin

Daimler and Aston

Компанијата „Daimler“ ќе купи удел од пет проценти во британскиот производител на луксузни спортски автомобили со што ќе биде комплетиран договорот кој овие две компании го постигнаа во јуни.

Според тој договор, „Aston Martin“ ќе работи со „Mercedes“ во развојот на новата генерација на V8 моторите. Соработката ќе му помогне на „Aston Martin“, кој е релативно мал производител на луксузни возила и кој не е дел од некоја голема групација, да ги намали трошоците за развој на нови возила.

Британската компанија има потешкотии во финансирањето на развојот на нови автомобили, додека нивните ривали „Bentley“, во сопственост на „Volkswagen“, и „Rolls-Royce“, во сопственост на „BMW“, можат да „повлечат“ средства од своите матични компании.

„Daimler“ во јули соопшти дека „AMG“ одделението на „Mercedes“ ќе изработува мотори, а „Mercedes“ електричните компоненти за возилата од марката „Aston Martin“.

Британската компанија наиде на потешкотии уште од економската криза од 2008-та година, а во 2012-та година забележа пад во профитот од девет проценти. „Aston Martin“ во 2012-та година продаде 3.800 автомобили, 10 проценти помалку во однос на 2011-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП