28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо 2013-та Бафет заработил по 37 милиони долари на ден

Во 2013-та Бафет заработил по 37 милиони долари на ден

voren bafetded

Легендарниот американски инвеститор Ворен Бафет заработил најмногу пари во 2013-та година, тврди истражувањето на компанијата „Wealth –X“, анализирајќи ги активностите на најбогатите луѓе на планетата.

Во нејзиниот годишен извештај се вели дека претседателот и извршен директор на компанијата „Berkshire Hathaway“ заработил по 37 милиони долари секој ден.

Па така на крајот на 2013-та година, неговото нето богатство изнесува 59.1 милијарди долари, што е зголемување за 12,7 милијарди долари во однос на почетокот на годината.

Ова сепак не значи дека Бафет е на чело на листата на најбогатите луѓе на годината. Под број еден и натаму е Бил Гејтс. Коосновачот на „Microsoft“ заработил 11,5 милијарди долари, но неговото нето богатство достигна 72.6 милијарди долари.

На трето место по раст на личните приходи е американскиот казино магнат Шелдон Аделсон со 11.4 милијарди долари. Благодарение на казината во Лас Вегас, Макао и Сингапур тој веќе има богатство во износ од 35.3 милијарди долари.

Други познати милијардери на листата на „Wealth –X“ се Марк Цукерберг, Лари Пејџ и Карл Икан.

Луѓето од Топ 10 имаат заработено заедно речиси 102 милијарди долари во 2013-та година, а нивното вкупно богатство изнесува 347 милијарди долари.

Тие го зголемија своето богатство со просек 41,6  проценти на годишна основа, што во просек изнесува по 29 милиони долари дневно.

Најпрофитабилните милијардери (во милијарди долари и богатство на крајот на 2013-та година):

1 . Ворен Бафет 12.7 ( 59.1 )

2 . Бил Гејтс 11.5 ( 72.6 )

3 . Шелдон Аделсон 11.4 (35.3)

4 . Џеф Безос 11.3 ( 34.4 )

5 . Марк Цукерберг 10,5 ( 24,7 )

6 . Масајоши Сон 10.3 (19.1)

7. Сергеј Брин 9.3 ( 30 )

8. Лари Пејџ 9.3 ( 29.9 )

9. Лиу Чи Ву 8.3 ( 19.6 )

10. Карл Икан 7.2 ( 22.1 )

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП