26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради маглата во застој авионскиот сообраќај, се очекува нормализирање до пладне

Поради маглата во застој авионскиот сообраќај, се очекува нормализирање до пладне

magla

Авионскиот сообраќај на аеродромот „Александар Велики“, кој од вчера е во застој поради временските услови, се очекува да се нормализира од денеска на пладне.

Според информациите од Аеродромот имаат потврда дека ќе слета авионот од Дубаи.

Утрово нема ниту полетувања, ниту слетувања. Откажани се летовите од Загреб и Истанбул. Во текот на вчерашниот ден откажан е летот од Истанбул, а од Виена и Ајнховен се пренасочени кон Софија, а од Цирих, Дизелдорф и Љубљана кон Охрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП