Министрите за финансии од еврозоната синоќа, по 12-часовни преговори, постигнаа договор за механизмот за ликвидација на проблематичните банки, што претставува вториот столб од идната европска банкарска унија.
Сложениот проект треба да овозможи решавање на проблемите на проблематичните банки од еврозоната, без притоа да се користат парите на даночните обврзници за нивно спасување.
– Ова е мудар ден, напиша на Твитер европскиот комесар за внатрешниот пазар и финансиските услуги Мишел Барние, дополнувајќи дека сега „почнуваат преговори со Европскиот парламент“.
Новиот режим ќе стапи во сила на почетокот на 2016 година и ќе се применува директно врз повеќе од 300 банки од еврозоната, како и врз меѓународни банки.
Се предвидува формирање „ликвидациски совет“ составен од претставници на земјите-членки, што ќе
решава дали одредена банка треба да биде докапитализирана или ликвидирана.