Индикаторот за економската активност во Португалија во октомври оваа година го достигна највисокото ниво од април 2011 година.
Индикаторот за економските активности, кој во зелената зона се наоѓа уште од август оваа година, во октомври достигна вредност од 1,2 поени, соопшти португалскиот Институт за статистика (ИНЕ), пренесува агенцијата Франс прес.
Португалија во вториот квартал оваа година излезе од рецесијата која започна од крајот на 2010 година, а стапката на невработеност, која во еден момент достигна историски максимум од 17,7 проценти од работоспособното населениe, започна да се намалува.