19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку природните катастрофи го чинеа светот?

Колку природните катастрофи го чинеа светот?

prirodnikatastrofi154

Природните катастрофи кои се случија оваа година ја чинеа светската економија околу 130 милијарди долари, соопшти денес швајцарската компанија за реосигурување „Свис Ре“.

Од оваа сума, осигурителните компании ќе покријат штета во висина од 44 милијарди долари (32 милијарди евра), што е значително помалку од 81 милијарда долари, колку што мораа да исплатат во 2012 година, кога бурата Сенди го погоди брегот на САД, се наведува во извештајот на „Свис Ре“, пренесува агенцијата Франс прес.

Поплавите кои во јуни ја погодија Германија, Чешка и соседните земји, предизвикаа штета од 18 милијарди долари, од кои осигураните загуби се во износ од само четири милијарди долари.

Германија и Франција во јули беа погодени од силно невраме, при што повратокот на пари од осигурителните компании изнесува само три милијарди долари, додека дождовите и поплавите во јуни во канадската провинција Алберта резултираа со големи штети, а само две милијарди долари ќе бидат вратени од осигурителните компании.

Како што наведува „Свис Ре“, голема штета оваа година предизвикаа и обилните дождови во Австралија, Индија, Кина, Индонезија, Јужноафриканската Република и Аргентина.

Што се однесува до бројот на изгубените човечки животи, тајфунот Хаијан на Филипините кој се случи минатиот месец беше најсмртоносната катастрофа, која со себе однесе 7,000 животи, се вели во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП