2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонгресот на САД го усвои компромисниот Буџет

Конгресот на САД го усвои компромисниот Буџет

US

Американскиот Сенат синоќа го усвои компромисниот Буџет на САД за следните две години, кој претходно беше одобрен и од Претставничкиот дом на Конгресот.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, со очекуваниот потпис на американскиот претседател Барак Обама, САД ќе го добијат првиот дражвен буџет по 2009 година, што е усвоен согласно целокупната процедура на Конгресот.

Сенатот го поддржа Предлог-буџетот со 64 гласа „за“ и 36 „против“, додека во Претставничкиот дом поддршката беше 332 наспроти 94. Во претходните години САД се финансираа без постигнат буџетски договор во Конгресот, туку со автоматско неколкумесечно продолжување на расходите од последниот усвоен буџет.

Главниот отпор на новиот буџет во Сенатот дојде од републиканските сенатори, гневни поради тоа што задолжително договорено кратење на буџетските трошоци беше намелемо за околу десет проценти.

Особено бурни реакции предизвика буџетската одредба дека дел од заштедите во Буџетот ќе се остврата преку намалување на надоместот за американските воени ветерани, вклучително и за тие што биле ранети.

– Овој договор подразбира кратења за пензионираните војници, вклучително и на за пензионираните поради повреди. Значи, ако сте ги загубиле нозете борејќи се во Авганистан, ние сега ќе ви ја намалиме пензијата.

Ова е погрешно, изјави републиканската сенаторка Кели Ајот, кога гласаше против буџетот.

Изгласаниот буџет не содржи големи промени во начинот на финансирање на САД и конгресмени од двете партии се изјаснија дека се работи за договор со кој ќе се одбегне нова блокада на централната Влада, како таа во октомври годинава, се до ноември 2014 година. кога во САД ќе се избира нов состав на Конгресот.

Обама оцени дека буџетот ќе биде добар чекор со која Вашингтон ќе се оддалечи од „кратковидата политика водена од креирање кризи, која единствено и нанесе штета на (американската) економија“.

Договорот сепак не ја одбегнува опасноста од нова блокада поради прекумерната задолженост на САД, прашање околу кое се очекува Демократската и Републиканската партија да се судрат во јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП