19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо седум години Kia-Словачка го достигна капацитетот

По седум години Kia-Словачка го достигна капацитетот

kia_expands_production

Фабриката за автомобили „Kia Мotors“ во Словачка за прв пат по седум години го достигна производниот капацитет и оваа година ќе произведе повеќе од 300.000 автомобили.

Повеќе од половината му припаѓаат на теренскиот модел „Ѕportage“. Вториот најзастапен модел е „Сee’d“, a една десетина од производството ја сочинува повеќенаменското возило „Venga“.

Најмногу автомобили оваа фабрика извезе во Русија, повеќе од една петтина. Другите големи пазари се Велика Британија (13 проценти) и Германија (девет проценти).

Јужнокорејската компанија во словачката фабрика има 3.800 вработени, а за оваа година имаат во план да произведат и пола милион мотори. Нешто повеќе од половината ќе бидат бензински, додека 48 проценти им припаѓаат на дизел агрегатите.

Производството во фабриката во текот на седумте години постојано растеше, па извршниот директор Ек-Хи Ли изрази надеж дека така ќе продолжи и во следниот период. Тој додаде дека од започнувањето на сериското производство во 2006-та од производната лента на оваа фабрика излегле повеќе од 1.5 милиони возила.

Од 2006-та до 2013-та фабриката во Словачка има произведено и повеќе од два милиони бензински и дизел мотори.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП