1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдобрена помошта за словенечките банки

Одобрена помошта за словенечките банки

sloveni1987

Европската комисија денес ги одобри мерките на државната помош за пет словенечки банки.

Комисијата го одобри планот за реконструкција на „NLB“ и „NKBM“, како и помошта за контролираниот престанок на работењето на „Factor Bank“ и „Probanka“ .

Европската комисија привремено го одобри и обезбедување на финансиска стабилност на банката „Abanka Vip“.

Европскиот комесар за конкурентност Јоаким Алмунија смета дека со овој потег „ќе се зголеми довербата во словенечките банки“, пренесува агенцијата Франс прес.

Благодарение на тие мерки, словенечката економија ќе може да се осигура дека нејзиниот банкарски сектор ќе биде сигурен и здрав, бидејќи тој по контролата на квалитетот на активата на банките и стрес тестовите ќе биде во можност да го покаже тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП