10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА52 милијарди долари за најсиромашните

52 милијарди долари за најсиромашните

svetska banka56

Светска банка (СБ) собра рекорден износ од 52 милијарди долари за помош на најсиромашните земји во светот.

Собраната сума, која ја обезбедија 46 развиени и земји во развој, ќе ја преземе Меѓународното здружение за развој (ИДА), подружницата на Светската банка задолжена за кредитирање на најнеразвиените земји, а средствата ќе бидат искористени во период од три години, започнувајќи од 2014 година, пренесува агенцијата Франс прес.

„Земјите се согласија да ги зголемат средствата за борба против најтешките прашања во кревките и земјите погодени од конфликти, како и да им помогнат на тие земји да се вратат на патот на стабилноста“, се наведува во соопштението на СБ.

Со помош на овие средства, ИДА посебно ќе се фокусира на мобилизација на приватниот сектор, пашањата за климатските промени, како и проектите за рамноправноста меѓу половите.

Како што се наведува во соопштението, средствата ќе обезбедат електрична енергија за 15 до 20 милиони луѓе, вакцини за 200 милиони деца и микрофинансиски кредити за повеќе од еден милион жени.

„Околу 32 милиони луѓе ќе добијат пристап до чиста вода, а дополнителни 5,6 милиони подобри санитарни услови“, се додава во соопштението на СБ.

Половина од 49,3 милијарди долари од проектите на ИДА во изминативе три години, беа наменети за Африка, каде 40 земји беа класифицирани дека ги исполнуваат условите за таква помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП