26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНаследникот на Балмер ќе биде познат на почетокот на 2014-та

Наследникот на Балмер ќе биде познат на почетокот на 2014-та

balemer

Џон Томсон, членот на Управата на „Мајкрософт“, објави нешто повеќе информации за компанијата која е во потрага за нов Извршен директор.

Според неговите зборови, конечниот избор и именувањето на новиот „CEO“ на „Мајкрософт“ можеме да го очекуваме на почетокот на идната година.

Првично, компанијата индентификуваше повеќе од 100 потенцијални кандидати за оваа позиција, а по селекцијата и разговорите со голем број од нив во потесниот круг влегле дваесетина од нив.

Томсон напоменува дека во почетниот избор биле вклучени водечки лица од бројни индустриски сегменти, а не само од технолошкиот сектор.

„Мајкрософт“ за 38 години колку што постои имаше само два Извршни директори, додека актуелниот Стив Балмер на крајот на август месец го најави своето повлекување од функцијата во следните 12 месеци.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП