24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Кризата не е готова

Меркел: Кризата не е готова

merkel15

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека кризата во еврозоната не е надмината, но дека се забележани првите знаци на напредок, особено во земјите како што е Ирска и Шпанија.

Еден ден откако таа за трет пат беше избрана за канцеларка, Меркел ги повика членките на ЕУ да ги почитуваат договорите за економските реформи.

Таа нагласи дека итно треба да се решат темелните проблеми кои ја оптеретуваат еврозоната.

„Јасно е дека должничката криза во еврозоната не е целосно надмината. Потребно е почесто да се потсетуваме на ова.  Но, забележани се и првите успеси и уверени сме дека проблемите можеме трајно да ги надминеме“, изјави Меркел во Бундестагот.

Таа додаде дека не верува дека неопходните мерки во европските структури можат да се спроведат без измена на основниот договор на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП