12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСовети за успешно управување со бизнис процеси

Совети за успешно управување со бизнис процеси

bizprocesi1

Управувањето со бизнис процеси се смета како „холистички менаџмент пристап“ кон усогласување на деловните процеси во организацијата со потребите и желбите на клиентите.

Промовира ефективност и ефикасност на бизнисот со насока кон иновација, флексибилност и интеграција со технологија. Управувањето со бизнис процеси се обидува да ги подобрува процесите континуирано. Може да се опише и како „процес за оптимизација на процеси“. Се претпоставува дека управувањето со бизнис процеси им овозможува на организациите да бидат поефикасни и поефективни и им го зголемува капацитетот на нов начин кој е фокусиран на функционалност, наместо на традиционалниот начин за хиерархиско управување.

Започнете со важен, но автономен процес каде подобрувањата ќе му донесат добро на бизнисот. Во секој случај, избегнувајте го искушението да преземате комплексни процеси. Фокусирајте ја целта на бизнис процесот на попаметно и подобрено корисничко искуство на конзистентен начин.

Разберете ја моменталната состојба. Применете го советот „два пати мери, еднаш сечи“ и определете ги индикаторите кои се важни за бизнисот.

За разлика од IT проектите, бизнис процесите директно влијаат на тоа како корисниците на бизнисот ги извршуваат своите секојдневни задачи.

Користете проверени бизнис аналитичари кои добро ги познаваат процесите, заради фазата на фактичкото откривање на процесите. Оваа фаза е основа на целиот проект и ако на неа работат погрешни луѓе, тоа може да претставува скапа грешка.

Не заглавувајте премногу во интерни детали или технологија. Најважна е користа што крајниот потрошувач (клиент) ќе ја добие од процесот (пр. побрзо одобрување на заем, навремено исполнување на нарачка и сл.) а не која технологија ќе се користи.

Ориентацијата кон услуги е пожелна. Точно дефинираните услуги ќе ја забрзаат интеграцијата, повторната употреба и експанзијата.

Управувајте со очекувањата. Континуираните подобрувања подразбираат карактеристики кои не се присутни од самиот почеток и можат да се додадат постепено. Демонстрациите и симулациите го подобруваат разбирањето на корисникот. Зборувајте за успех редовно за да подобрите ангажманот на стеикхолдерите.

За успешна имплементација на бизнис процеси, клучно е креирање на процеси кои можат да се користат повеќе пати. Место да планирате сет по сет, искуството вели дека идентификување и дизајнирање на општи заеднички процеси и нивна прогресивна повторна употреба крајно резултира во побрза имплементација на пониски трошоци. Кога процесите се менуваат, промената на трошоци исто ќе биде помала.

Антиципирајте ги промените. Не само што правилата и процесите ќе се сменат, но и работните шеми. Акцентирајте ги промените во организацијата како улогите, одговорностите и наградите.

Воспоставете ригорозно структурно тестирање, мерење и режим на управување за да се осигурате дека процесот тече како што е очекувано и е контролиран. Идентификувајте неколку важни процеси и параметри за мониторинг на ефективноста на процесите. Набљудувајте ги процесите за да ги детектирате проблемите пред вашите потрошувачи да го направат тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП